Осум лица загинаа, а четворица се повредени во сударот на минибус со два камиони

Британската полиција соопшти дека осум мртви и четворица повредени е билансот од сударот, што се случи вчера, рано наутро, меѓу еден минибус и два камиони.
Сударот се случи нешто по 03.00 часот на автопатот што од Лондон води кон северот на Велика Британија, кај клучката во близината на градот Милтон Кинес, во се уште до крај не разјаснати околности.
Загинати се шет мажи и две жени, додека меѓу повредениет, кои се наоѓаат во животна опасност, има и едно дете.
Сите биле гости од Индија кои допатувале во посета кај свои роднини и биле на патување низ Велика Британија.
Полицијата денеска ги идентификува двајцата возачи, Ришард Масиерак (31) и Дејвид Вагстаф (53), кои се обвинети за несреќата и се наоѓаат во притвор.
Според полицијата тие се виновни за вкупно осум кривични дела, поврзани со невнимателно возење и загрозување на безбедноста на патиштата, со смртни последици.
Кај едниот од возачите, Полјакот Масиерак кој живеел и работел во Велика Британија, е најден и алкохол во крвта, над дозволеното ниво.
Минибусот е целосно уништен, додека тешки оштетувања има и кај двата големи камиони, што за полицијата е само потврда за вината на возачите и за нивната неодговорност при возењето.
Камионите им припаѓаат на компаниите „Федекс“ и „АИМ Лоџистик“ за разнесување поштенски пратки.
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
