Осум илјади компании можат да користат владина финансиска поддршка
Околу осум илјади компании би можеле да ги исполнат условите за користење на владината финансиска поддршка, оцени денеска министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Според Апостолска, првичната бројка на компании кои можеа да ги искористат предвидените средства од државата беше седум илјади, но со олабавувањето на законската можност што помина во Собранието, бројката барем од сегашна перспектива, ќе изнесува осум илјади.
Одговорајќи на новинарско прашања пред презентацијата на владината финансиска поддршка во Стопанската комора на Македонија, министерката ги потврди најавите на премиерот Зоран Заев дека интензивно се преговара со странски компании за инвестирање во Македонија.
- Меѓу компаниите има и италијански, главно од областа на медицинската опрема. Има и од други држави. Интензивно се преговара и тоа многу сериозно, потенцира Апостолска.
Ново на Сител
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив