Осум години затвор за извршителот на грозоморното убиство во паркот во Велес
Виновен е - Ова е пресудата на велешкиот суд за Зоран Димовски кој беше обвинет за убиство на 90 годишниот Јован Цилаков. Доби казна затвор во траење од осум години. Во текот на судскиот процес, Димовски негираше дека го убил старецот. На 17 јули минатата година беше убиен Цилаков во дворот на гимназијата. Усмртен бил со повеќе удари со камен по главата, лицето и градите. Во пресудата на Велешкиот суд се вели дека Димовски минувајќи низ паркот го забележал старецот како уринира па му замерил на постапка. Поради ова Цилаков го удрил со бастунот. Почнале расправија меѓу нив па Зоран посегнал по каменот и со неколку удари го усмртил старецот. Од висината на казната незадоволни се роднините на убиенот. Во судницата велеа дека е премала за такво свирепо убиство.
Инаку денеска во велешкиот суд требаше да продолжи судењето за трикратниот убиец од Кавадарци. Поради отсуство на обвинетиот Тони Станоев, судењето се одложи за почетокот на септември.
Минатата недела Станоев седна на обвинетeлната клупа во Велешкиот суд. Обвинет е за убиство на родителите и сестрата на неговата сопруга. На почетокот од судењето првин го призна убиството и се покаја за стореното но потоа го смени исказот. Велеше дека по кратката расправија пиштолот паднал и испукал кон двете жени. По ова, повеќе не се сеќавал што се случувало. Според обвинението на Станоев му се заканува доживотен затвор.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
