Македонија
27. January 2023 - 16:33

Осуден на две години затвор за подготовка на магистерски труд за див коноп бара амнестија од претседателот

Земјоделскиот инженер Петар Матовски кој е осуден на две години затвор бидејќи засадил индустриски коноп за магистерски труд, бара амнестија од претседателот на државата. Тврди дека за неговиот научен труд биле информирани сите институции, а семето легално го внел во државата.

Осуден зашто сакал да биде научник.. Земјоделскиот инженер Петар Матовски тврди дека минува низ пекол откако пред седум години за својот магистерски труд, набавил и посадил 2 илјади садници индустриски коноп. Вели, растението кое легално го купил во Нови Сад без проблем ја минало државната граница бидејќи е на европската сортна листа, но полицијата препознала високо квалитетен канабис.

„Го купив леглано семенскиот материјал, индустриски коноп Канабис Сатива Л – Хелена, со сите пропратни документи, хемиска анализа, декларација за квалитет, го пријавив самосвесно на граница, го прегледа инспектрот на ДИЗ и го внесов легално според закон со печат од државна институција, ДИЗ“, објснува Матовски.

За насадот знаеле професори од Факултетот за земјоделство, Државниот инспекторат, Министерствата за земјоделие и внатрешни. Индустриски коноп набргу се нашол под лупа на полицијата, а Матовски е обвинет дека имал намера да го продава.

„Ме судат 7 години, измислуваа се и сешто, одолговлекуваа, сменуваа професионални пороти, ми понмиштија ослободителна пресуда од професионален судија, го кријат доказниот материјал, ми одзедоа се во овие 7 годиони и ме осудуваат 2 години ефективен затвор“, вели Матовски.

Матовски смета дека е неправедно осуден, а адвокатот бара амнестија од претседателот на државата.

Двегодишниата затворска казна, според матовски е безцелна. Вели и во иднина ќе работи на научни трудови за алтернативни растенија како што е индустрискиот коноп.