Свет
13. October 2022 - 14:34

Остин во Брисел – САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Брисел ја потврди посветеноста на членот 5 за колективна одбрана, нагласувајќи дека САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО доколку е потребно.

„Постојано слушате од нас дека САД се апсолутно посветени на Членот 5 и дека сме решени да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО ако и кога станува збор за тоа“, рече Остин пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Во рамките на тој состанок ќе се состане и Групата за нуклеарно планирање на НАТО, а на состанокот ќе се разговара за опасната руска нуклеарна реторика и улогата на нуклеарните капацитети на НАТО во зачувувањето на мирот и одвраќање агресија.