Фудбал
1. July 2016 - 10:46

Оставка на шпанскиот селектор

Винсенте Дел Боске поднесе оставка на местото селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, објави Marca.
 
Искусниот тренер ваквиот развој на настаните го најави уште во декември минатата година, иако претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Анхел Виљар, тогаш ги негираше ваквите информации.
 
Според истиот извор, Дел Боске, кој со Шпанија во 2010 ја освои светската, а во 2012 година европската титула, побарал официјално Фудбалскиот сојуз на Шпанија да го разреши од должноста.
 
Оставката на Дел Боске, Фудбалскиот сојуз на Шпанија треба да ја официјализира на  14.јули.
 
„Не планирам да останам на клупата на Шпанија. Тоа го решив уште пред почетокот на ЕУРО 2016, без оглед на резултатот“, рекол Дел Боске.
 
Шпанија настапот на првенството во Франција го заврши во осминафиналето каде загуби од Италија со 2-0.
 
Шпансите медиуми пренесуваат дека Дел Боске за свој наследник го препорачал искусниот Хоакин Капарош.