-->
-->
Оставете ги телефоните, ајде да цртаме!
-->

Моќта на детската имагинацијата е неограничена и може да создаде сценарија на кои возрасните не би ни помислиле. Во моментите кога сите се дома и поголемиот дел од луѓето ги држат очите вперени кон телефоните и таблетите, децата треба да бидат поттикнати да креираат, да творат и да ја разбудат својата фантазија.
За најмалите вљубеници во цртањето, Ладна организира детски ликовен конкурс на тема „Мојата омилена игра надвор“, на кој можат да се пријават мали сликари од 4 до 10-годишна возраст. Најдобрите дела ќе бидат наградени, а главната награда е тридневно патување во магичниот Дизниленд во Париз!
Модерното време на технологијата овозможува да го имаме целиот свет на дланка, со само еден допир на смартфонот, пристапувајќи преку интернет или преку социјалните мрежи. Детските игри сега се скоро целосно префрлени на компјутерите и телефоните, но сепак, не смееме да го затвориме детскиот ум во софтверот на телефонот! Баш напротив, треба да го охрабриме да размислува пошироко, да го создаде својот свет и да ги
претвори неговите мисли во дела.
Ликовниот конкурс на тема „Мојата омилена игра надвор“ има за цел да ја поттикне креативноста кај децата и нивната омилена игра на отворено да ја претворат во уметничко дело нацртано на лист хартија. Цртежите, заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“ или по електронски пат на
е-маил адресата marketing@magroni.com.mk, со наслов на пораката „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 6.5.2020. Натпреварувањето е поделено во две категории: 1) деца од 4 до 7 години и 2) деца од 7 до 10 години, а стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи од двете категории, од кои првонаградените ќе заминат на тридневно патување во Дизниленд, Париз!
Ладна Ви порачува #СедиДома периодов, биди креативен и цртај на тема „Мојата омилена игра надвор! Секогаш покрај себе имајте шише Ладна која е прва вода препорачана од Здружението на педијатрите на Македонија и е погодна за подготовка на храна за доенчиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
