Осомничените за случајот „Ќелија“ ја признаа вината

Петтемина обвинети во случајот „Ќелија“, кои се товарат дека учествувале во странски војски или паравоени формации, на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд, како и останатите шестмина обвинети ја признаа вината.
Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Мухамед Имери, Ерол Рустеми и Стефан Стефановски при изјаснувањето рекоа дека доброволно ја признаваат вината и оти се свесни за последиците.
Обвинителот Владимир Милошевски побара обвинетите да се прогласат за виновни согласно законските одредби, додека пак адвокатите побараа судијата да ги земе предвид сите олеснителни околности и да им изрече поблаги казни.
При оценувањето на обвинителниот акт вината ја признаа и Оџата Реџеп Мемиши, Ахмет Дарлишта, Сејфула Етемовски, Ресуљ Саити, Фазљи Суља и Мухамед Шеху. Тие беа осудени на минимални затворски казни од пет до седум години.
Според обвинението, осомничеите во „Ќелија“ дејствијата ги започнале во октомври 2014 година.
- Има три категории на дела кои ги им се ставаат на товар на осомничените. Прво, регрутирање лица во странски војски или паравоени формации, второ, собирање финансиски средства и материјална помош за поддршка на лицата кои ќе се приклучат во странска војска или паравоена формација, обезбедување на нивното патување, обука и учество во странската војска и трета категорија на дела – учество во странска војска, вели обвинителот Владимир Милошевски.
Судот во среда треба да ги изрече казните за петмината обвинети во сучајот „Ќелија“.
Ново на Сител
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
