Осомничен за тешка кражба во Скопје
Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 19-годишник од Штип осомничен за тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
На 16 февруари, во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, осомничениот од една оштетена жена, на дрзок начин, одзел златно ланче во вредност од околу 20.000 денари. Тој ја забележал оштетената, се доближил до неа од предната страна и со рака го фатил и го скинал ланчето кое го носела на врат, по што избегал од местото на настанот.
-Притворот е предложен имајќи ја предвид можноста осомничениот да се даде во бегство. Јавниот обвинител го ценеше и фактот што осомничениот е претходно осудуван, издржувал казна затвор до 06.01.2023 година, по што за кратко време сторил нови кривични дела за кои во тек се и други постапки по поднесесени кривични пријави пред Основното јавно обвинителство Скопје, наведува Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
