Основниот суд Скопје два со зголемен број новопримени, но и решени предмети
Во Основниот суд Скопје два во 2017 година бил зголемен бројот на новопримени предмети, но исто така и решени се поголем број предмети.
Во денешното соопштение Судот информира дека минатата година имале 60.091 предмети од кои 14.966 се пренесени од претходните години, 1.676 се повторно во работа, а 75 се погрешно заведени.
Новопримени се 43.524 предмети што претставува зголемување во однос на 2016 година кога имало 41.482 новопримени предмети.
Од вкупниот број предмети во 2017 година, решени се 47.076 предмети што е за 5.697 предмети повеќе во однос на 2016 година кога биле решени 41.379 предмети.
- Анализата на вкупните податоци покажува дека Судот, во текот на извештајната година, го совладал приливот и го намалил заостатокот на нерешени предмети од претходните години и тоа со само 66 судии, покрај претседателот на судот, што е за 10 судии помалку во однос на утврдените 77 судиски места во Основниот суд Скопје два Скопје, велат од Судот.
Оттаму им го честитаат Денот на правосудството на сите вработени во правосудните органи.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
