Основен суд Скопје:Уверенија од казнена и кривична евиденција ќе се издаваат за 5 до 7 дена
Поради предвремените парламентарни избори во Република Македонија и приливот на поднесени барања за издавање уверенија од казнена и кривична евиденција, тие ќе се издаваат во рок од пет до седум дена, зависно од обемот на работа, информираат од Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
- Сите граѓани кои имаат потреба од уверение од казнена или кривична евиденција, без разлика за која намена им е потребно, навреме да го поднесат барањето во Кривичниот суд во Скопје. Конкретните уверенија, согласно законските одредби, се поднесуваат и се издаваат од страна на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење, се вели во соопштението од Судот.
Во него се додава дека за сите информации околу начинот на поднесување барање, плаќање на законски утврдената такса и потребните обрасци, за уверенија од казнена и кривична евиденција за кои е надлежен Основниот суд Скопје 1 – Скопје, граѓаните можат да се информираат преку веб-страницата на судот: http://osskopje1.mk/ , а корисни информации можат да најдат на линкот http://osskopje1.mk/
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект