Османи: Заслужуваме почеток на преговори без никакво дополнително одложување и натамошно оспорување

Македонија, врз основа на сопствените заслуги, без никакво дополнително одложување и натамошно оспорување, категорично заслужува да ги започне преговорите за членство во Европската унија, потенцирал министерот за надворешни работи Бујар Османи на видео средба со неговиот колега од Летонија Едгарс Ринкевичс.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи истакнал дека нашата држава очекува поддршка од Летонија за почеток на преговорите.
-Летонија е искрен пријател на Македонија и вокален промотор на политиката на проширување на ЕУ. Видлива и одржлива европска перспектива на Македонија ќе значи заокружување на проектот за обединување и интеграција на регионот во ЕУ, што пак ќе биде глобална придобивка за траен мир, безбедност и просперитет на европскиот континент, нагласил Османи.
Според него, почетокот на преговорите е значаен чекор не само за нас, туку и за целиот регион.

-Ќе даде поинаков импулс на целиот процес и ќе ја тестира новата методологија за водење на преговорите за која Летонија и сите останати земји-членки на Унијата вложија толку многу труд, рекол Османи.
Министерот Ринкевичс, информираат од МНР, искажа увереност дека одличните билатерални односи и соработка ќе продолжат и во иднина, преку интензивирање на соработката имајќи ги предвид потенцијалите во трговијата и енергетиката, како и можностите што ги дава проектната и бизнис соработка во рамките на Иницијативата Три мориња.
На средбата се разговарало и за забрзување на постапките за склучување одредени билатерални договори и биле разменети мислења за состојбите во регионот.
Ново на Сител
-

Две лица повредeни по пад на спортски авион близу Мавровската брана
-

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
-

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
-

Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков
-

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
