Османи: Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот
Уставните измени треба што побрзо да станат тема во Парламентот. Апелирам за државен консензус по однос на европските прашања и за постигнување договор меѓу сите политички партии дека за европските прашања, кој и да е на власт нема да имаме разлики, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека регулативите и директивите на ЕУ мора да ги прифати кој и да е на власт.
-Погрешно е размислувањето дека ние преговараме со Европската Унија. Фиксни се регулативите и директивите. Вие мора да ги прифатите такви какви што се за да станете членка. Без разлика дали е СДСМ на власт или ДУИ или ВМРО, никој нема можност нешто да смени во делот на преговорите со Европската Унија. Единствено што може да смени е во динамиката на испорачување и во прифаќање, потенцираше Османи.
Тој порача оваа тема да се остави на страна во интерес на граѓаните кои сакаат влез во ЕУ, без разлика од која страна на политичка сцена доаѓаат.
-Ако нема разлика, зошто тогаш да не ја оставиме оваа тема на страна, во интерес на граѓаните кои сакаат ЕУ и од едната и од другата страна на политичката сцена. Имаме доволно други теми за расправање, рече Османи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
