Османи: Усогласувањето во ЕУ не смее да ги загрози реформите во земјава
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска учествуваше на Македонско-германски форум со наслов „Стратешко партнерство или ново проширување?“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.
– Како Влада и администрација имаме соодветен капацитет и долгогодишно акумулирано искуство за во наредниот период да се фокусираме на длабинска анализа на актите кои ни беа презентирани за време на објаснувачките состаноци. Анализата на нивото на усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, посочи вицепремиерот Османи, додавајќи дека земјата останува целосно подготвена за билатералниот скрининг, независно дали ќе се спроведува според досегашната методологија, или според најавената нова методологија, за која изрази очекување дека ќе биде усогласена меѓу земјите-членки што е можно поскоро.
Нам, рече Османи, ни е неопходно Европската Унија да го усогласи својот став околу преговорите што е можно побрзо, за да не биде загрозен реформскиот моментум на усогласување со европските правила и стандарди, кој претставува најсилното гориво за напредокот на земјата.
Вицепремиерот најави дека како и досега, во процесот на интеграции остануваат вклучени сите релевантни чинители, особено Собранието и двете клучни тела, Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, како форум за дебата со пошироката јавност за сите прашања поврзани со процесот на европска интеграција.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот
-
Нема операции, пациенти си одат дома без интервенции
-
Одложено судењето за Мерко