Османи: Односите на Скопје и Приштина добар пример за регионот кој сè уште е соочен со бројни предизвици
Билатералната соработка, со фокус врз економијата и можностите за засилено инфраструктурно поврзување, беа теми на разговор на средбата во Приштина на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц, со која ја започна официјалната посета на Косово.
Како што соопшти МНР, на пленарните состаноци на двете делегации, беа реафирмирани исклучително добрите односи меѓу Македонија и Косово, како и подготвеноста на двете страни за натамошно градење на блиско и трајно пријателство, во интерес на граѓаните на двете земји, но, како што истакна министерот Османи и како „добар пример за регионот кој сè уште е соочен со бројни предизвици“.
-Косово и Македонија имаат исклучително динамична трговска размена, но истовремено постојат и огромни потенцијали за зајакнување во делот на економијата, за што секако е потребна и инфраструктурна поддршка, порача Османи.
Осврт беше направен на соработката во ресорите образование и наука, култура, здравство и др.
Во рамки на насоченоста кон градење отворен дијалог со сите земји од регионот, како што соопшти МНР Османи ја пренесе поддршката на Македонија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, како најдобар начин за надминување на разликите и изнаоѓање на трајно решение меѓу двете земји, во интерес на граѓаните и регионот како целина.
-Нашата заедничка амбиција, за полноправно членство на сите шест земји од Западниот Балкан, преставува единствената алтернатива која обезбедува долгорочна стабилност и просперитет, заклучи Османи, стои во соопштението.
Дипломатските активности на Османи во Приштина продолжуваат со средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.
Ново на Сител
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец