Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија, акредитирани во земјава. Министерот направи пресек на последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ агенда и одржувањето на Советот за стабилизација-асоцијација по првпат во Северна Македонија, средбата во рамки на Косово-Србија дијалогот во Охрид, како и вчерашната посета на шефицата на германската дипломатија, со што ЕУ порача дека ја смета Северна Македонија за кредибилен партнер, соопшти МВР.
- Одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација минатата седмица за првпат во Скопје, како и одржувањето на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Охрид е признание за новата улога на Северна Македонија во регионален контекст во насока на зачувување на регионалната безбедност и просперитет, промовирање на културата на дијалог и ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, рече Османи, истакнувајќи дека оваа интензивна надворешно-полтичка агенда претставува потврда за европската иднина на регионот.
На средбата стана збор и за следните чекори во однос на пристпниот процес во ЕУ, со посебен акцент на досегашната успешна реализација на скринингот, потребата од донесување на уставните измени како наша преземена обврска, тековните предизвици во рамки на претседавањето со ОБСЕ и одржувањето на третото издание на Преспа форум за дијалог.
Ново на Сител
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
-

Маск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“
