Османи – Милков: Заложби за продолжување на соработката во сите области од взаемен интерес
Европските интеграции на земјава и заложбите да продолжи развојот на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, беа меѓу темите на телефонскиот разговор на министерот за надворешни работи Бујар Османи со новиот шеф на бугарската дипломатија Николај Милков.
Како што соопшти МНР, упатувајќи му честитки на Милков за новата функција, Османи изрази подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената соработка, со цел зацврстување на пријателството меѓу двете земји.
За време на разговорот беше поздравен почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и беше нагласена европска перспектива за земјава, како взаемен интерес не само на двете држави, туку и на целиот регион, и на самата Унија.
Соговорниците разменија мислења и за партнерството во НАТО, со посебен фокус на кризата предизвикана од руската агресија врз Украина, потоа за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелни прашања во доменот на надворешната политика, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест