Османи: Колку ќе имаме потреба од гас и нафта, толку ЕК ќе набави во наше име
Од она што можам да го издвојам, а веќе информиравме уште ноќеска Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција.
- Меѓутоа, тоа што е важно е дека земјите од Западен Балкан за прв пат се вклучени рамноправно во овој нов механизам за набавка на гас и нафта, што значи дека колку што ќе имаме потреби за гас и нафта Европската комисија ќе набавува во наше име што не беше случај за вакцините односно кога Европската комисија исто вака набавуваше вакцини за земјите членки, сега сме рамноправно вклучени. Ова значи дека кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност бидејќи добиваме на цена и дава одредена сигурност, изјави Османи.
Министерот Османи уште еднаш потенцираше дека Европската комисија ќе набави онолку колку ние ќе имаме потреба на извори на енергија.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
