Османи: Ќе преговараме и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, поважна ни е симболиката од практичниот аспект
ДУИ очекува покана од СДСМ за формирање на ново парламентарно мнозинство веднаш по конституирањето на Собранието, но не ја исклучува и можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, вели Бујар Османи во интервју за косовската телевизија Т7, пренесува Алсат.
Во дел од интервјуто се зборува и за шпекулациите дека ДУИ би се откажале од идејата за Албанец премиер, за т.н. ротирачки премиер, односно на чело на Владата во еден период од четиригодишниот мандат да седи Албанец, а во остатокот Македонец.
Гласините за ротација на позицијата Османи ги нарекува „коментари на аналитичарите“, иако како партија не би имале ништо против за таквата идеја. Османи рече дека нивниот предлог за премиер е симболичен.
„Една од паролите на кампањата беше Зошто да не, така што Зошто да не? Сè е можно. Во случајот со премиерот, симболиката е поважна отколку практичниот аспект. На овој начин се кршат табуата на нееднаквост во оваа земја. Мислам дека институциите се ослободуваат“, рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ во интервју за косовската телевизија Т7.
Ниту една од партиите досега не потврди дека официјално ги почнале преговорите за формирање Влада. Пред два дена весникот „Коха“ објави дека коалицијата „Можеме“ на СДСМ и ДУИ постигнале договор – премиерот три години да биде од редовите на социјалдемократите, а една година од интегративците. Но, оваа вест беше демантирана и од двете партии.
СДСМ најави дека како предводник на коалицијата која освои најмногу (46) мандати во новиот состав на парламентот ќе ги почне разговорите за состав на идната влада по конститутивната седница на Собранието, на 4 август (вторник).
Претседателот Пендаровски, пак, во интервју за „Фокус“ посочи дека мандатот ќе го додели на онаа партија или коалиција која ќе обезбеди мнозинство, но и порача дека идната влада може да биде и без СДСМ и без ВМРО-ДПМНЕ, но и без ДУИ. „Кој ќе партиципира во владата зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во парламентот. Така што, возможна е влада без СДСМ и коалицијата кои освоија најмногу пратеници, или без ВМРО-ДПМНЕ, која е втора партија според истиот критериум. Јасно е дека ако така се договорат, возможна е и влада без партијата што е трета според бројот на освоените мандати“, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран