Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ е најрационално и најлогично сценарио
Целосната интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во ЕУ е најрационалното и најлогичното сценарио, што ќе биде во функција на создавање на Унија која ќе егзистира обединета, просперитетна и во мир, истакна денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи во обраќањето на меѓународната научна конференција на тема „Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка“.

Во обраќањето на конференцијата, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Османи се осврна на процесите на евроинтеграција и регионална соработка, оценувајќи ги како наша стратешка определба и избор за иднината.
– Западен Балкан или како што повеќе сакам да го именувам, Југоисточна Европа не е изолиран остров, туку се наоѓа во срцето на Европа. Сите наши врски, сите наши патишта се вкрстуваат со ЕУ. Процесот на евроинтеграција и процесот на регионална соработка се комплементарни и водат кон истата цел, членство во ЕУ на овој регион, истакна министерот Османи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на настанот, покрај шефот на дипломатија, се обратија и многубројни претставници на академската фела од земјата и странство.
Ново на Сител
-

Мицкоски - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
