Македонија
10. November 2023 - 11:18

Османи ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд, Жаклин Ен Фризел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Северна Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел.

Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес, соопшти МНР.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.