Османи: ДУИ засега останува на ставот дека додатокот за трето дете е добра мерка

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за МИА порача дека ДУИ останува на ставот дека додатокот за трето дете е добра мерка.
Откако Министерството за труд и социјална политика оцени дека се потребни измени за оваа мерка на површина излегоа и разликите помеѓу коалициските партнери, ДУИ и СДСМ, по ова прашање.
Османи оценува дека е потребна јавна дебата, но дека за ДУИ за сега нема убедливи аргументи дека мерката е лоша.
-Во таа јавна дебата сметаме дека не се анализирани комплетно бенефитите од една таква мерка и дека не е добро да се укине тој додаток бидејќи нашите анализи покажуваат дека напротив има резултати од една таква мерка, смета Османи.
Вицепремиерот повика дека прашањето е отворено за јавноста да дебатира, но дека не стигнало до Владата.
-Не е ова некоја расправа во Владата бидејќи прашањето не е стигнато до Владата, тоа прашање е отворено за јавна дебата со цел токму ова да се постигне, политичките партии, граѓанските здруженија, граѓаните, ескпертите да кажат мислење и потоа министерството врз основа на тие мислења да го комплетира предлогот. Дали ќе го пушти до Влада или нема, изјави Османи за МИА.
Околу проблемот со непојавувањето на вицепремиерот задолжен за спроведувањето на Рамковниот Договор, Хазби Лика, Османи смета дека е на лидерите на политичките партии да одлучат дали треба да се прави реконструкција на Владата или измени во кадровските решенија.
-Сепак претседателите на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата имаат право да проценат за резултатите на Влада, на поединечни кадровски решенија или пак да понудат измени на тие кадровски решенија, ние сме министри предложени од овие политички лидери и ја завршуваме нашата работа согласно законот и ја реализираме програмата на Владата. На господинот Заев и на господинот Ахмети е таа одлука.
Околу истрагата на СЈО која се води против него, вицепремиерот смета дека за владеењето на правото се потребни два елементи: да нема неказнивост и да се почитува презумпцијата на невиност, и дека ниту еден од овие елементи не смее да биде нарушен. Тој бара “нормалност“ во процесот и смета дека доколу се утврдат фактите, “тогаш ќе дојде прашањето за моралниот и легалниот кредибилитет“.
-Државниот завод за ревизија прави истраги на дневна основа, тоа се ревизии на сите потписи што ги ставаат министрите и тоа е нормален процес, никој не поднел оставка затоа што Државниот завод за ревизија наоѓа забелешки, истото треба да го воведеме како принцип кај нас: да има истраги на дневна основа за секого, дури и во јавноста имаме шпекулации за министри, директори, можни злоупотреби. Истраги треба да почнат денес, за сите, бидејќи сме еднакви пред законите.
Ново на Сител
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
