Османи до Кралот Чарлс Трети: Благодарни сме за тридецениската поддршка на Северна Македонија од Обединетото Кралство
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.
Како што соопшти денеска МНР, Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.
-Оваа година одбележуваме јубилеј - три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство, напиша Османи по средбата со Кралот Чарлс Трети.
Османи и Кралот Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година.
Османи денеска во Лондон ќе учествува на Конференцијата за закрепнување на Украина.
Ново на Сител
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија
-
Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп