Османи: Честитки до Украина и до Молдавија, денес можеше да биде ден за славење и кај нас
Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки до Украина и до Молдавија по повод одлуката на ЕУ да отпочне преговори со двете земји.
-Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани. Уште малку!, стои на официјалниот фејсбук статус на Османи.
Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ вчера за време на Самитот на Унијата, кој продолжува денеска, донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија.
На самитот во рамки на дебатата за проширувањето на ЕУ, беа усвоени и Заклучоците за процесот за нашата земја во кои се посочува дека Европската Унија е подготвена да ја комплетира фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом земјата ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во одлуките на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.
Ново на Сител
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми