-->
-->
Осломејското Езеро неискористена кичевска природна убавина
-->
Риболовци од Кичево, сѐ почесто го посетуваат вештачкото езеро создадено на една од депресиите на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.Оваа акумулација со околу 30.000 квадратни метри површина, сѐ уште претставува недоволно истражена водна акумулација во која виреат повеќе видови слатководни риби: клен, крап, карас и други.
Иако езерото засега не е порибено сепак во повеќе наврати се случуваше да бидат уловени и поголеми примероци крап или клен.
- Осломејско Езеро сѐ повеќе излегува од анонимноста кај риболовците од регионот, па и пошироко. Некои бизнисмени имаат подготвено и проекти за негов позабрзан развој и создавање услови за престој и рибарење во текот на целата година, но засега од добро познати причини изостануваат инвестиции во неговото окружување и покрај тоа што ги има сите претпоставки за забрзан развој – од близината на градот Кичево, само пет километри, лесна достапност од сите патишта, до стабилен водостој во текот на целата година. Со неговиот развој тука би се вработиле повеќе луѓе и би се впишал во туристичката мапа на Македонија. Оваа акумулација е вредна, само треба да се испланира нејзиниот долгорочен развој и потрошените средства многу брзо да се вратат, вели Бесмир Елези, спортски риболовец и вљубенк во природата во кичевскиот регион.
Езерото на некои места е длабоко до 15 метри, неговите води се секогаш бистри, а водостојот е константен независно од годишното време.
Повеќемина рибари што го посетуваат езерото често практикуваат ситниот улов од други реки да го пуштат во оваа акумулација и како резултат на овој начин на порибување езерото е сѐ побогато со риба
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
