Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Ослободителна пресуда за З.Ј. со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на Булеварот Партизански одреди, а за која веќе е осуден неговиот син, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К.бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда.
Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел.
Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело“.
Според соопштеното од судот, бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело.
Во конкретниот случај, како што е наведено, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.
„Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото.
Против оваа пресуда странките имаат право на жалба пред второстепениот суд“, се истакнува во соопштението.
Ново на Сител
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски по истрага
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
