Ослободен потпретседателот на Парламентот на Венецуела
Потпретседателот на парламентот во Венецуела, Едгар Самбрано е ослободен од затвор, врз основа на договорот меѓу Владата на претседателот Николас Мадуро и помалите опозициски партии, соопшти пратеникот Тимотео Самбрано.
– Почнува процесот на ослободување на политички затвореници. Го славиме ослободувањето на нашиот колега Едгар Самбран, напиша пратеникот на Твитер.
Едгар Самбрано беше уапсен по неуспешниот бунт против Мадуро на 30 април.
Врховниот суд на правдата, близок на Мадуро, нареди ослободување на опозицискиот пратеник во рамките на „делумните договори“ потпишани во понеделникот меѓу Владата и помалите опозициски партии, и покрај желбите на лидерот на опозицијата и парламентарен спикер Хуан Гуаидо.
Според локалната невладина организација за човекови права „Форо пенал“, во Венецуела има 478 „политички затвореници“, од кои 107 се војници.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаа за закони од сферата на здравството, гласањето најавено за 9 март
-
Левица: Директорот Алексијоски манипулираше дека нема загадување во Охридско езеро
-
Битиќи: Секој граѓанин е важен, направени се сериозни напори за зачувување на секое работно место
-
Неготино ќе бара воведување полициски час во Општината за спречување на ширењето на Ковид-19
-
Британскиот сој детектиран и кај вториот пациент од Битола вратен од Занзибар
-
Над 22 илјади лица евидентирани преку апликацијата за самопопишување
-
Вардар подготвени да му се реваншираат на Мешков Брест
-
ЈО бара лицето приведено за инцидентот во Ѓорче Петров да биде пуштено, бидејќи ДНК трагите во возилото не се негови