Оштетени уште 6 автомобили со македонски регистерски таблички во Грција | ФОТО
Во саботата вечерта 6 возила од Македонија се оштетени во гратчето Переа, во близина на Солун. Од нив 3 возила се од Скопје, 2 од Прилеп и 1 возило од Битола. Сопствениците кои сакаат да останат анонимни се крајно револтирани затоа што иако ја повикале грчката полиција никој не дошол да изврши увид на лице место. Мештаните пак ги советувале за да не им се случуваат вакви работи да ја покриваат озната НМК на возилата.
Бараат за овој случај итна реакција од македонското МНР и упатување на протестна нота затоа што ова не е прв случај на оштетување на македонски возила во Грција ова лето. Претходно сличен инцидент со вандализам врз македонско возило имаше во петокот во Ханиоти.
Оштетените сопственици на возилата велат дека крајно време е да се престане со уништување на македонските возила во Грција и повикуваат државата конено да преземе нешто во врска со овие случаи. Исто така бараат од нашето МНР да им помогне каде да се обратат во Грција за да им се надмири штетата.
Дарко Штарговски
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива