Оружена престрелка вo Тетово - Три лица пренесени на Клиника

Оружена престрелка и тепачка во која учествувале пет лица се случила синоќа, десет минути по полноќ, во тетовската населба Дреновец, соопшти полицијата.
Во пресметката, освен огнено било користено и ладно оружје.
Трите лица Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од село Доброште здобиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово, додека Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово, исто така со повреди, биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.
Е.О. во престрелката здобил прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. во пределот на левата надколеница, а Р.О. убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата. Л.И. има убодна рана во пределот на вратот, додека К.В. поминал со гребнатина на долните екстремитети.
Увидна екипа од СВР - Тетово работи на целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
