Ортега: Откажана планираната реформа на социјалниот систем

Претседателот на Никарагва Даниел Ортега најави синоќа дека е откажана планираната реформа за социјална заштита, која предизвика протести во претходните денови во кои настрадаа седум лица.
- Претходната резолуција, од 16 април, која ја започна целата оваа ситуација, е отповикана, поништена, ставена настрана, истакна Ортега.
Протестите во средата ги почнаа работниците и работодавачите во Никарагва, гневни поради планот, со кој тие ќе мораа да издвојуваат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидуваше и намалување на пензиите за пет отсто.
Тоа воедно беа и најголемите протести и најголемата криза, која ја зафати централноамериканската држава откако Ортега пред 11 години дојде на власт.
Во текот на протестите, многу локали беа ограбени и искршени, а според опозицијата настрадале дури 25 лица.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
