-->
-->
Орнела Мути планира да стане руски државјанин
-->
Италијанската глумица Орнела Мути веќе некое време живее во Руската Федерација, па сега може да ги подготвува своите документи за добивање руско државјанство, објавуваат руските медиуми.
Лани таа во својата родна Италија беше прогласена за виновна за измама, откако во декември 2010 убедила лекар да и издаде лажно лекарско уверение за ларингитис поради што наводно не можела да учествува во претстава на театар во град Трст, за која добила хонорар од 25.000 евра. Кусо потоа, Италијанката е забележана на хуманитарна вечера во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, на којашто присуствувал и познатиот глумец Кевин Костнер.
За некој странец да добие статус на руски државјанин, треба да оствари постојан престој или да има работна виза за најмалку една година, да прима приходи и да и плаќа даноци на Руската Федерација.
Секако, има и други, споредни критериуми, за лицето да има статус на граѓанин на повеќе земји, или т.н. двојно државјанство.
Деновиве руски пасош доби и холивудскиот актер Стивен Сигал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија