Џет-Сет
9. November 2016 - 10:53

Орнела Мути планира да стане руски државјанин

Италијанската глумица Орнела Мути веќе некое време живее во Руската Федерација, па сега може да ги подготвува своите документи за добивање руско државјанство, објавуваат руските медиуми.
 
Лани таа во својата родна Италија беше прогласена за  виновна за измама, откако во декември 2010 убедила лекар да и издаде лажно лекарско уверение за ларингитис поради што наводно не можела да учествува во претстава на театар во град Трст, за која добила хонорар од 25.000 евра. Кусо потоа, Италијанката е забележана на хуманитарна вечера во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, на којашто присуствувал и познатиот глумец Кевин Костнер.
 
За некој странец да добие статус на руски државјанин, треба да оствари постојан престој или да има работна виза за најмалку една година, да прима приходи и да и плаќа даноци на Руската Федерација.
 
Секако, има и други, споредни критериуми, за лицето да има статус на граѓанин на повеќе земји, или т.н. двојно државјанство. 
 
Деновиве руски пасош доби и холивудскиот актер Стивен Сигал.