-->
-->
Организиран ручек за децата без родители од општина Кичево
-->
Кичевскиот органок на хуманитарната организација „Класје на добрината“ под покровителство на општина Кичево организираше ручек за децата без родители од општината.
Градоначалникот Фатмир Дехари, кој присуствуваше на ручекот, истакна дека грижата за оваа категорија треба да биде перманентна, а не, како што рече, само во денови како недела за децата без родители.
Денешниот настан беше организиран во рамките на неделата посветена на деца без родители која се спроведуваше во Македонија од 15 до 21 април.
Оваа манифестација ќе биде заокружена со хуманитарен концерт кој вечерва ќе се одржи во Домот на културата во Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон