Свет
27. February 2018 - 13:24

Организацијата за забрана на хемиско оружје ќе испитува сомнителни напади со хлор во Источна Гута

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) истражува сомнителни напади со хемиско оружје во последно време во Источна Гута, областа под контрола на сириските бунтовници во близина на Дамаск, соопштија денеска дипломатски извори.

ОПЦВ, со седиште во Хаг, во неделата почнала истрага за тврдењата за напади со хлор во Источна Гута. ОПЦВ само ќе се обиде да ги утврди фактите, без да имплицира вина.

Според истите извори, истражниот тим нема да патува во Источна Гута поради безбедносни причини по нападите врз мисиите на организацијата во Сирија во 2013 и 2014 година. Тимот ќе сослуша сведоштва, снимки и видео материјали и ќе интервјуира медицински експерти.

ОПЦВ  се уште не ја коментираше оваа инфрмација.