Свет
26. January 2017 - 23:55

Орбан: Време е да го сфатиме Трамп сериозно

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека е крајно време Европската унија сериозно да го сфати новиот претседател на САД, Доналд Трамп. 

Орбан истакна на прес-конференцијата во Брисел дека ЕУ треба да преговара за новиот трговски договoр со САД, како и со Кина.

Тој побара од ЕУ повторно да ги врати на дневен ред односите со Русија. 

Унгарскиот премиер наведе дека Унија има можност да усвои реформи со кои повторно ќе ја направи Европа голема. 

Орбан нагласи дека ЕУ треба да се откаже од нејзините федералистички намери, бидејќи само силните членки можат да го гарантираат успехот на Унијата. 

Тој посочи дека Европа од глобален, станала локален „играч“, и додаде дека „тешко се справува дури и со таа намалена улога“.