Орбан: Распад на златната илузија на Украина, Унгарија нема да ја финансира воената мафијашка мрежа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „се распаѓа златната илузија на Украина“ и дека Унгарија нема да ја финансира „мрежата на воената мафија“, по случајот со корупција во енергетскиот сектор во Украина и оставката на министрите.
– Разоткриена е воената мафијашка мрежа со безброј врски со претседателот ( на Украина) Володимир Зеленски. Министерот за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата. Ова е хаос во кој бриселската елита сака да инјектира пари на европските даночни обврзници, каде што сè што не е испукано на фронтот завршува во џебовите на воената мафија. Лудило – напиша Орбан на мрежата X.
Тој истакна дека Унгарија не сака да има „никаква врска со тоа“.
– Нема да ги испраќаме парите на унгарскиот народ во Украина. Тие можат да се користат многу подобро дома: токму оваа недела ги удвоивме надоместоците за згрижувачки семејства и ја одобривме 14-тата месечна пензија – истакна тој.
Тој рече дека по случајот со корупција во Украина, Унгарија „сигурно нема да попушти пред финансиските барања и уцените на украинскиот претседател“.
– Крајно време е Брисел конечно да разбере каде навистина одат нивните пари – рече Орбан.
Зеленски вчера побара оставки од министерот за правда Герман Галушченко и министерката за енергетика Светлана Гринчук поради корупција во енергетскиот сектор.
Според него, тие министри не можат да останат на своите позиции, бидејќи прашањето на довербата е клучно.
Операцијата, спроведена од Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ), откри шема на криминална организација што влијаела на стратешките претпријатија од државниот сектор, вклучувајќи го и Енергоатом.
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
