Оптимистични очекувања за вакцината против Ковид-19 на „Пфизер“ и „БиоНТеч“
Дејвид Реш од Мерилинд верува дека би можел да биде еден од првите луѓе кои се успешно вакцинирани против Ковид-19 откако учествуваше во испитување кое ветува резултати во создавање на антитела.
„Дејли мејл“ објави дека апсолвентот по имунологија Реш, кој е првиот кој учествуваше во испитувањето на Универзитетот во Мериленд во мај, каде американската и германската фармациска компанија „Пфизер“ и „БиоНТеч“ заедно работат на создавање на вакцина за новиот коронавирус.
Првичните индиции покажуваат дека вакцината дејствува на поттикнување на растот на антитела со еднаква брзина или поголема отколку кај лицата што биле инфицирани со Ковид-19.
Реш не може да биде сигурен дали примил вакцина или плацебо, но имал мала рекација по втората доза. Тој треба да биде тестиран во октомври да се утврди дали има имунитет на вирусот. Ако тестирањето се покаже како успешно, „Пфизер“ најави дека може да произведе 100 милиони дози до крајот на годината и над една милијарда дози следната година.
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
