Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба

Општините во државава немаат доволно капацитети (човечки, финансиски, техничко-технолошки) за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво. Речиси нема општина во која се пополнети сите предвидени инспекторски позиции, па оттаму, во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области, покажува истражувањето кое го спроведе НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од американската амбасада во земјава.
Со истражувањето е утврдено дека заради недоволниот број инспектори и капацитети, дури една третина од општините имаат склучено меѓуопштински договори за инспекциски надзор. Овие договори, како што се наведува, во некои општини даваат резултати, но често пати тие постојат само на хартија и се склучуваат само од формален аспект.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
