Општина Ресен утврди програма за заштита и спасување од природни непогоди
Општина Ресен ја утврди програмата за реализација на активности од областа на заштитата и спасување од природни непогоди, според која во заштитата и спасувањето од природни непогоди и други несреќи, приоритет имаат животот и здравјето на луѓето, a jавните претпријатија, установите, служби и трговските друштва се должни, навремено да ги организираат и преземааат превентивните и оперативните мерки за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.
Реализацијата на програматa од областа на заштита и спасување во наредниов период за општината е со обврзувачки карактер, и се реализаира преку формираните Општински штаб за заштита и спасување, просторните сили за заштита и спасување на Општина Ресен и јавните претпријатија, установи и служби во општината.
– Програмата овозможува во случај на природни непогоди и други несреќи, како да постапуваат јавните претпријатија, установи и служби за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот при собраќајни, техничко-технолошки несреќи, расчистување на локални патишта, улици и други инфраструктурни објекти во случај на непроодност поради врнежи од снег, на носи од снег, голомразица, на носи од земја предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето и друго, информираат од локалната самоуправа.
Во програмата за заштита и спасување од природни непогоди посебен сегмент е посветен и на заштитата на животните и растенијата во случај на појава на болести, штетници и други природни непогоди.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице