Општина Новаци ќе додели по пет илјади денари на семејствата чие дете е запишано во прво одделение
Советот на Општина Новаци донесе одлука за доделување паричен надоместок во учебната година во висина 5.000 денари на семејствата чие дете е запишано во прво одделение.
Од Општина Новаци информираат дека секое прваче кое ќе се запише во основното училиште „Славко Лумбарковски” и подрачните училишта во општината, за учебната 2019/2020 година ќе добие паричен надоместок со цел да се придонесе за намалување на давачките на родителите за училишен прибор.
– За реализација на одлуката потребно е сите родители да поднесат барање за паричен надоместок за запишано прваче во учебната 2019/2020 годнина, да приложат потврда од училиштето за извршен упис во прво одделение и друга документација за која не се потребни дополнителни трошоци, нагласуваат од тамошната локална самоуправа каде денесka почна новата учебна година.
Ново на Сител
-
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, продолжуваме обединето и кохезивно, нема уставни измени под бугарски диктат
-
ВО ЖИВО: Заседава Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Антонио Милошоски
-
„Крени глас“ против врсничкото насилство
-
75 години Стопанска банка - Битола
-
Уставен чекаше пет години за да оцени дека Преспанскиот договор е во согласност со Уставот
-
Продолжува преписката Груевски - Мицкоски, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва
-
САД гледаат неповторлива шанса за членство во ЕУ по приемот на Македонија во НАТО