Општина Новаци ќе додели по пет илјади денари на семејствата чие дете е запишано во прво одделение
Советот на Општина Новаци донесе одлука за доделување паричен надоместок во учебната година во висина 5.000 денари на семејствата чие дете е запишано во прво одделение.
Од Општина Новаци информираат дека секое прваче кое ќе се запише во основното училиште „Славко Лумбарковски” и подрачните училишта во општината, за учебната 2019/2020 година ќе добие паричен надоместок со цел да се придонесе за намалување на давачките на родителите за училишен прибор.
– За реализација на одлуката потребно е сите родители да поднесат барање за паричен надоместок за запишано прваче во учебната 2019/2020 годнина, да приложат потврда од училиштето за извршен упис во прво одделение и друга документација за која не се потребни дополнителни трошоци, нагласуваат од тамошната локална самоуправа каде денесka почна новата учебна година.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата