Општина Неготино повика невработени лица да се пријават за општокорисна работа

Општина Неготино објави јавен повик со кој се повикуваат невработени лица да се пријават за општокорисна работа.
Оттаму појаснуваат дека активноста е врз основа на договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Неготино, оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата i програмата за општокорисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата.
– Се работи за проект „Ангажирање на образовни и лични асистенти на деца со попреченост вклучени во редовна настава и асистенти на воспитувачи во групи за предучилишна возраст во рурални средини”, за работно ангажирање од 20 часа неделно за период од 9 месеци,заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. За периодот додека лицата се работно ангажирани, не го губат статусот на невработено лице. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош, појаснуваат од општината.
Право на учество имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за оваа работа. На кандидатите кои ќе бидат избрани ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават треба да припаѓаат на една од групите на невработени лица како долгорочно невработени лица, млади до 29 години или постари од 50 години, лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, лица кои биле корисници на програмата условен паричен надоместок за средно образование или такви кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, лица со попреченост, жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници, лица припадници на ромската етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца.
Ново на Сител
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
