Општина Кисела Вода со катастар на загадувачи

Општина Кисела Вода во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје изготви катастар на загадувачи што ги содржи потребните податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на нејзината територија.
Катастарот, кој е во согласност со Законот за животна средина, го изработи експертски тим на „Технолаб“ со собирање на податоци кои се вметнати во картите на загадувачи.
-Целта на катастарот е преку него да се добие квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на емитерите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата и генерираниот отпад, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина на територијата на локалната самоуправа, како и за контрола за успешноста на мерките кои ќе се преземаат. Базата на податоци и нивната обработката, на институциите ќе им служи како инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина, велат од Општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
