Општина Кисела Вода легализираше уште 100 дивоградби
Уште 100 семејства од општина Кисела Вода станаа легални сопственици на дивоградбите што ги поседуваа. Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, денес во големата сала на општина Кисела Вода им ги врачи решенијата укажувајќи им дека отсега тие и правно и легално располагаат со објектот, што значи дека можат и да го продадат, подарат, да го остават во наследство на своите поколенија. Наведувајќи го бројот на решени предмети, додаде дека општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да работи со силна динамика со цел процесот на легализација што поскоро да се финализира, што е во интерес на сите.
- Сакам да истакнам дека заклучно со денешниот ден бројот на легализирани дивоградби се искачи на 4582, односно општина Кисела Вода по сите превземени мерки за олеснување на процесот на легализација на дивоградбите, легализираше 37% од пристигнатите 11880 предмети-потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Честитајќи им на присутните, упати повик до сите останати иматели на дивоградба да ги почитуваат новите пролонгирани рокови за комплетирање на документацијата кои Владата на Република Македонија ги зададе со цел да им се излезе во пресрет на овие граѓани. Ги наведе и останатите измени во Законот за градење кои ги опфаќаат и куќите што се изградени со одобрение за градење, но и оние што се легализирани со Законот за легализација на бесправно изградените објекти.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија
-
Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод