Општина Кисела Вода годинава додели 466 ваучери за новороденчиња
Општина Кисела Вода додели 50 ваучери за новороденчиња со што бројот на семејства со принова кои годинава добиле еднократна парична помош изнесува 466.
Како што се наведува во соопштението на општина Кисела Вода, проектот има за цел да им помогне на новите родители околу првите потреби што доаѓаат со новороденчето, а досега еднократна парична помош за новороденчиња добиле 1.748 семејства.
Од општината ги повикуваат сите родители кои ги исполнуваат критериумите да поднесат барање за еднократна парична помош. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена по раѓање на детето.
Условите се и двата родители да жиеват на територијата на општината и заедно со барањето да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација или една во случај на самохран родител, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори