Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчиња
Општина Кисела Вода денеска додели нови 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња.
Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.
Локалната самоуправа, помошта во висина од 6000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.
Како што информираат од општината, за добивање на парична помош семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв

