Општина Карпош ја прослави 40-годишнината од формирањето

Со свечена академија општина Карпош вчера го прослави својот 40-ти роденден. На одбележувањето на четиридеценискиот јубилеј, присуствуваа многубројни гости од сите сфери на општественото живеење, како и делегации од збратимените општини на локалната самоуправа, кои доаѓаат од соседните балкански држави.
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, во својот пригоден говор, ретроспективно се наврати на почетоците од формирањето на општината во далечната 1976 година. Тој им се заблагодари на сите претходни градоначалници, советници, како и вработени во администрацијата на Карпош и потсети дека секој од нив лично придонел за сегашниот статус на локалната самоуправа, да го носи приматот на една од најурбаните општини во Република Македонија.
- Постојано вложуваме во инфраструктурата во Карпош, во изградба на нови паркови и плоштади, засадување дрвја, реконструкција на училишта и градинки, и реконструкција на фасади. Во моментов ги реконструираме покривите на индивидуалните и колективните станбени објекти и ги заменуваме старите и дотраени лифтови во зградите. Започна изградбата на градинка во населеното место Бардовци, предвидено е во иднина и изградба на училиште, истакна Јакимовски.
Освен во инфраструктурни зафати, додаде, вложуваме и во граѓаните.
- Со посебен ентузијазам инвестираме во најмладите карпошани преку училишните спортски лиги, развивајќи го спортот на повисоко ниво во општината. Не ги забораваме пензионерите, и им помагаме на социјално загрозените семејства кои живеат на наша територијата. Нашата цел е постојано да се надградуваме и да работиме во интерес на нашите сограѓани, истакна Јакимовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
