Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
Од општина Карпош алармираат за ноќен клуб кој е бесправно изграден, а за во кој се најавени големи концерти со регионални музички ѕвезди.
- Општинскиот градежен инспектор води постапка за бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешна американска амбасада или популарно, како што граѓаните го знаат клуб „АБЦ“. Овој диво изграден објект по промена на повеќе сопственици во моментов го носи името Ria’s (Риа’с). Покрај отпочнатата постапка согласно законските прописи и одбегнувањето на соработка со надлежниот општински инспектор, овие луѓе дрско закажуваат на 19 јуни настан со српската пејачка Наташа Беквалац, на 5 јуни со хрватската пејачка Јелена Розга и на 26 јуни со Владо Георгиев, велат од локалната самоуправа.
Од општината ги известуваат Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување..., дека овој објект е безбедносен ризик и, како што велат, не ги исполнува соодветните законски ни минимум безбедносни стандарди за вакви настани.
- Општина Карпош ќе продолжи со постапката, но во исто време не може да се начуди на овие музичари и покрај немилиот настан во Кочани, како може да продолжат со настапи во диво изградени објекти, притоа загрозувајќи го својот и животите на посетителите, велат од општина Карпош.
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп