Општина Гевгелија ќе објави јавен повик за урбанистички планови
Општина Гевгелија ќе им даде можност на сите заинтересирани физички и правни лица преку јавен повик да достават иницијативи за изработка и донесување урбанистички планови соглано Законот за просторно и урбанистичко планирање, информираа денеска од Одделението за урбанизам.
Предмет на иницијатива, која во писмена форма или електронски се доставува на адреса на општина Гевгелија, може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Општинските урбанисти потврдија дека прифатените иницијативи ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Гевгелија за 2016 година, а средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат подносителите.
Јавниот повик ќе трае триесет дена сметајќи од 12 март, кога ќе биде објавен.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје