-->
-->
Општина Чешиново-Облешево на фестивал на штркот во Бугарија
-->
Делегација од општина Чешиново-Облешево викендов престојуваше во бугарското населено место Белозем на традиционалниот 11. фестивал на Белиот штрк.
Населеното место Белозем од 2005 година од страна на германската фондација „Еуронатур“ е прогласено за село на Белиот штрк.
- На овој традиционален фестивал во Бугарија бевме поканети да учествуваме со единствена цел да ја продлабочиме соработката мегу нашите две општини како членки на асоцијацијата „Европско село на Белиот штрк“. Целта на фестивалот беше да се промовира идејата за можен соживот на луѓето со природата и да се привлечат повеќе туристи во овие населени места, изјави Катерина Постолова, од општина Чешиново-Облешево.
На традиционалиот фестивал на Белиот штрк покрај општина Чешиново-Облешево учествувале и преставници од општината Бурса од Турција, две општини кои се дел од асоцијацијата „Европско село на белиот штрк“.
Општина Чешиново-Облешево во 2013 година е прогласена за Европско село на Белиот штрк, каде што секоја година се одржува манифестација посветена на штркот. Годинава манифестацијата во чест на Белиот штрк се одржа на 6 мај Ѓурѓовден во паркот на штркот во село Чешиново, населено место каде што според евиденцијата на Македонското еколошко друштво има најголем број на штркови гнезда во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44